Вицепретседателката на Бугарија, Илијана Јотова: Владата во Софија не ја кажува вистината
Вицепретседателката на Бугарија, Илијана Јотова се сомнева во тврдото „не“ на премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, околу преговарачката рамка за Македонија, која доколку биде усвоена се очекува во декември да се одржи првата Меѓувладина конференција на земјава, под германското европретседателство.
– Сметам дека бугарската Влада не ја кажува целосната вистина последните денови. Веројатно има проект, кој ќе биде претставен на средбата на министрите за надворешни работи на 17 ноември, одговори заменичката претседател на Бугарија на прашањето дали на Македонија ќе и биде дадено зелено светло без надминување на отворените прашања.
Според вицепретседателката Јотова на Бугарија и се врши притисок за компромис, но порачува дека Софија не треба да отстапи од своите позиции.
– Едно се венците и прегратките пред спомениците, но друго е тврдиот став на Бугарија, заклучи Јотова.