fbpx

Објектив

Погледни подобро

КОМЕНТАТОРОТ СТОЈАНОВСКИ: Македонија во моето срце е поголема од сите партии, тие може да згаснат, но припадноста кон татковината останува

Коментаторот на македонската телевизија Тони Стојановски кој ја воодушеви Македонија, ама и Балканот со својот говор од Тбилиси откако Македонија официјално направи историски успех со пласманот на ЕП, ден по катарзата што ја предизвика, порача дека македонштината во неговото срце е поголема од сите партии.

Иако Македонија се воодушеви од одјавата на Стојановски, на социјалните мрежи започна „војна“ на политичка основа, па се бараше казна за него од раководството на јавниот сервис, па коментаторот на МТВ, посочи дека ниту имал, ниту добил некаква политичко-партиска директива за сето тоа, објави порталот Спорт 1.

– Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино или пред Пржино. Ова не е само фудбалски пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Македонштината во моето срце е поголема од сите партии, кои може да згаснат во кое било време, но припадноста кон земјата ќе остане да постои, вели Стојановски во изјава за „Фактор“.

За емотивната патриотска одјава на македонскиот коментатор Стојановски, денеска пишуваат сите балкански медиуми во Хрватска, Србија и другите земји. Еве дел од насловните страници и текстовите што се посветени на овој настан:

Српските портали Курир.рс, Еспресо.рс и Телеграф.рс, овој делириум на Тони го пренесуваат со пофалби.

“Говорот на Македонскиот КОМЕНТАТОР СЕ ПРЕРАСКАЖУВА ШИРУМ БАЛКАНОТ: Ова е порака за сите православни, христијани, Албанци, Турци…”, пишува во насловот на српски “Курир”

Извор: Денешен.мк

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107