fbpx

Објектив

Погледни подобро

Полициски инспектори утрово во веледрогеријата Пановски поради сомнеж за увоз и дистрибуција на фалсификувани лекови

Поради сомнеж за увоз и дистрибуција на фалсификувани лекови кои се користат во Јавно-здравствените установи, со злоупотреба на постапката за паралелен увоз Обвинителството за гонење на организиран криминал отвори предистрага за пет веледрогерии, дознава Канал 5. Засега е познато дека една од фирмите каде утринава полициските инспектори вршеле проверка е веледрогеријата “Д.р.Пановски”.

Извори од истрагата за Канал 5 велат дека се обезбедуваат податоци за тоа кои лекови се набавени преку паралелен увоз на лекови, за да се утврди кои од нив се на товар на ФЗО. Исто така, се обезбедува документацијата за паралелниот увоз на секој лек, посебно на тие од Турција, односно дали увезениот лек соодветствува на оргиналниот. Се собира документација и за тоа дали и со кој лек овие веледрогерии учествувале на јавни набавки распишани од Министерството за здравство или болниците.

Дека е почната предистрага потврди за Канал 5 и обвинителката Вилма Русковска, но вели дека се уште е рано да се зборува за деталите.

Од веледрогеријата Д.р Пановски велат дека ги охрабруваат институциите да ги проверат и до крај расчистат сите околности во врска со барањето за обезбедување и достава на документација за перидот до 2017- та година.

Имаме разбирање дека темата за “паралелен увоз” веќе со години на периоди ја бранува јавноста и затоа сметаме дека треба конечно да се стави крај на сите дилеми поврзани со законитоста на набавките и квалитетот на лековите. Го почитуваме интересот на медиумите, но немаме намера да изнесуваме детали за да не им попречуваме на надлежните институции да ги преземат сите неопходни дејствија. – соопштија за Канал 5 од веледроеријата.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: