fbpx

Објектив

Погледни подобро

ГЕРМАНИЈА ИСТРАЖУВА ДАЛИ ИМАЛО ЗАБАВА СО 200 ГОСТИ ЗА КРАЈ НА СНИМАЊЕТО НА „МАТРИКС 4“

Против филмското студио во кое се снима четвртиот дел од филмскиот серијал „Матрикс“, германските здравствени власти покренаа истрага поради корона – забава, на која, според „Билд“ присуствувал и главниот актер Кијану Ривс со неговата девојка Александра Грант. Забавата се одржала синоќа во филмското студио „Бабелсберг“ во чест на последната филмска клапа, имало 200 гости, и покрај рестриктивните мерки во Германија. Во Берлин и во Бранденбург, каде се наоѓа студиото, дозволени се настани до 50 лица.

Собирањата треба да бидат претходно најавени и да се почитуваат здравствени и хигиенски стандарди, кои треба да се одобрат од властите. Гостите треба да стојат на дистанца, и да носат маска, освен кога јадат и пијат.

„Атмосферата беше навистина весела, сите претходно се тестираа за коронавирус, и сите требаше да дојдат со маски, иако многу и не носеа. Немаше никакви инструкции, никој ништо не снимаше“, изјавила за „Билд“ 39-годишна гостинка од забавата. Германскиот медиум пренесува дека имало и диџеј, пиротехничко шоу, а гостите можеле и да добијат тетоважа-сувенир со „Матрикс“.

Забавата ја организирале продуцентите Лана и Лили Вашовски. Портпаролката на студиото Бјанка Маркавериц изјави дека не станува збор за забава, туку дека се снимала сцена со забава, и дека сите здравствени мерки биле запазени.

Според портпаролот на Потсдам, градот кој е одговорен за издавање дозволи за забави, никаков настан не бил пријавен кај нив.

„Имаше само разговори со здравствените власти и студијата како да се почитуваат мерките против ширење на коронавирусот“, рече тој.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: