МАЛОЛЕТНО МОМЧЕ НАПАДНАТО ВО АЕРОДРОМ
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 22:40 часот во СВР Скопје, 40-годишната М.М. од Скопје пријавила дека во 21:30 часот во парк на подрачје на Аеродром нејзиниот 15 годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.