fbpx

Објектив

Погледни подобро

Младината на СДСМ избра нов претседател: Марко Михајловски нов лидер на СДММ

Марко Михаиловски е новиот лидер на Социјалдемократската младина на Македонија.Михајловски беше избран денеска на 23-та Изборна дигитална Конференција.

Изборната конференција се одржа преку електорнска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.

Социјалдемократската младина на Македонија денеска за нов претседател на СДММ едногласно го избра Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.

„СДСМ постојано се менува но СДСМ постојано се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и затоа ја има поддршката од граѓаните, од младите. Во периодот што следува СДММ продолжува да биде важен дел од СДСМ, креатор на квалитетни младински политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“, соопштија од СДСМ.

Михаилоски рече дека ќе биде претседател на сите, дека ќе работи за младите и за сите граѓани.

-Како дел од партијата која ја внесе оваа држава во НАТО и која ја донесе пред вратите на ЕУ, како дел од партија која ја намали младинската невработеност, го подигна ученичкиот и студентскиот стандард, имаме и право и чист образ да тропнеме на вратата на секое семејство, да ја побараме поддршката од секој млад човек и тоа и ќе го сториме. Приоритетна цел и на партијата и на СДММ е младите да ја проектираат и градат својата иднина во својата татковина – изјави Михаилоски.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: