fbpx

Објектив

Погледни подобро

ПОДГОТВЕНО НОВО БАРАЊЕ ЗА ЕКСТРАДАЦИЈА НА ГРУЕВСКИ ОД УНГАРИЈА

Поминаа точно две години по бегството на Груевски во Будимпешта, а истрагата сѐ уште тапка во место. Обвинителството сè уште не знае како Груевски излегол од Македонија и влегол во Албанија. Дали ја напуштил границата со дипломатско возило на граница или ја поминал илегално? Предистражната постапка не е ниту запрена ниту пак, напреднала, туку е застаната кај снимките од Албанија. Видеата на кој требаше да се види како Груевски ја напушта татковината обвинителството не ги доби со образложение дека се  избришале.

И две години подоцна, Обвинителството  не утврди ничија одговорност или пропуст на некоја институција или личност која направила превид или овозможила екс премиерот да побегне. Од Министерството за правда најавуваат дека е подготвено ново барање за екстрадиција на Груевски иако претходните беа отфрлени.

„Министерството за правда ги прави сите можни напори лицата кои не се достапни пред правосудните органи да бидат екстрадирани. Наше право и обврска е да ги изнесеме сите нови околности во барањата за екстрадиција и да ги опфатиме сите дела кои во моментот се познати за некој сторител“, наведуваат од Министерството за правда.

Како нова околност во барањето за екстрадиција може да се наведе новата затворска казна на Груевски.

Додека Груевски е во Унгарија, Кривичниот суд донесе уште една пресуда во случај кој е обвинет. Доплонителен затвор од една и пол година кривичен му одредени на Груевски за нарачаното насилство во Општина Центар.

Груевски го избегна  обвинението за поткуп при изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, затоа што неговото дело во  случајот „Траекторија“ застари. Тој беше обвинет  за примање награда за противзаконито влијание. Против Груевски има уште три процеси во кои му се суди во отсуство. За изборните нерегуларности „Титаник“, уривањето на објектот „Космос“ и во случајот „Талир“ за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107