Хрватската репрезенатација нема повеќе да настапува на култниот „Максимир“, стадионот на Динамо не е повеќе тоа што беше
Извршниот директор на Хрватската фудбалска федерација (ХНС), Маријан Кустиќ потврдил дека хрватската фудбалска репрезентација повеќе нема да игра на стадионот „Максимир“ во Загреб.
Иако Динамо започнал со санирање на јужната трибина, која беше оштетена во земјотресот летово, проблем сега има и со источната трибина, која е во уште полоша состојба и најдобра опција би била истата да се урне.
Кога гледачите ќе се вратат на трибините, репрезентацијата на Хрватска нема да има никакви услови за настап во Загреб.
„Ние воопшто не сакаме да се сомневаме дека нашата репрезентација, светски вицешампион, мора да има адекватен стадион во главниот град. Максимир повеќе не е соодветен стадион за светски вицешампион. Градот Загреб мора да почне преговори со Динамо и конечно да се најде решение и да преземе акција за изградба на нов стадион“, изјавил Кустиќ, истакнувајќи дека има многу земји кои не се ниту на економско ниту на фудбалско ниво како Хрватска, а имаат подобри стадиони.