fbpx

Објектив

Погледни подобро

80 евра казна ако полицијата ве фати со тротинет на улица?!

Граѓаните ќе може да возат електрични тротинети само по велосипедска патека. Дозволената брзина ќе биде до 25 километри на час. На тротоар, ќе може да се движат до 6 километри на час, но  само доколку нема обележана патека. Доколку лицето вози на улица, ќе треба да плати 80 евра. Вака пишува предлогот за измена на Законот за безбедност во сообраќајот кој помина минатата недела на владина седница.

До редакцијата на ТВ21 поплаки на граѓани кои возат секојднево тротинет од дома на работа. Со оглед на тоа дека со предлог законот се предвидува да се вози тротинет на велосипедска патека, или по тротоар, одлучивме да се повозиме низ Чаир, поточно на улицата „Цветан Димов“ за да видиме како тоа би изгледало.

На улица нема означена велосипетска патека, па ќе мора да се вози на тротоар. Но, како што се гледа од снимките, тоа не е возможно, бидејќи има непрописно паркирани автомобили, но и т.н тераси штандови од самите угостителски објекти и дуќани.

Па, затоа тие кои возат тротинет се принудени да излезат на улица, а во тој случај можат да бидат казнети од полициски службеник.

Додека да се изгласа законот, останува на совест  на граѓаните да внимаат каде и како ги возат тротинетите.  Според новите измени на законот, лицето кое ќе се затекне на улица ќе плати казна до 80 евра.

„Се забранува со електричен тротинет да се вози по коловозите на улиците и булеварите, туку само по велосипедските патеки, а таму каде што ги нема се дозволува да се користат тротоарите. Доколку не се носи елек навечер казната е 50 евра, за движење по улица 80 евра, а доколку се вози со поголема брзина од дозволената – 120 евра“, се вели во предлог законот.

Со новите измени само лицата постари од 14 години ќе можат да возат електричен тротинет. Инаку пред 3 месеци возач на електричен тортинет загина во сообраќајна незгода во Битола. Додека пред еден месец , во сообраќајка тешко повреден беше и 36 годишен скопјанец. Многу европски земји на различни начини се справуваат со електричните тротинети. Во Обединетото Кралство и во Република Ирска, тие се забранети за употреба на улиците и тротоарите и можат да се возат само на приватно земјиште. Казната за нивна употреба на јавно место изнесува 325 евра како и шест казнени поени на возачката дозвола. Во Шведска се забранети моторизирани возила на велосипедските патеки кои имаат поголема брзина на движење од 20 километри на час. Во Париз, казните за возење електрични тротинети изнесуваат 135 евра за движење по тротоарите, како и 35 евра за непрописно паркирање и попречување на движење со истите.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: