fbpx

Објектив

Погледни подобро

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ МУ ЈА НАМАЛИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА НА ЃОКО ПОПОВСКИ ОД 9 НА 5 ГОДИНИ ЗА НАБАВКАТА НА 300 ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА

Затворската казна од 9 на 5 години на поранешниот шеф на набавки Ѓоко Поповски од МВР, Апелациониот суд Скопје му ја намали. Имено казната се однесуваше за незаконска набавка на 300 возила за полицијата во време на министерувањето на Гордана Јанкулоска.

Казната на Поповски му е намалена речиси двојно од таа што му ја изрече судијката Добрила Кацарска. Дадена му е најмалата од таа што е предвидена за злоупотреба на службената положба и овластувањата преку нелегална јавна набавка со која го оштетил буџетот со 454.000 евра. Поповски доби големо намалување на затворската казна изречена во Основниот кривичен суд Скопје, и покрај тоа што е правосилно осуден на 4,5 години затвор за незаконска набавка на луксузниот мерцедес за Никола Груевски со пари од полицијата.

Со оваа одлука на Апелација, и пресудата за предметот “Триста” станува правосилна, па Поповски место 4,5 плус 9, ќе лежи во Идризово 4,5 плус 5 години, вкупно 9,5 години затвор.

Ова е втора одлука на Апелациониот суд Скопје за предметов. Еднаш веќе беше вратен на повторно судење.

На девет години Кацарска го осуди и првиот пат. Од Апелација велат дека вториот пат недоследностите биле отстранети при судењето, а за драстичното намалување на првостепената затворска казна, упатија на содржината на одлуката која јавно ќе биде објавена следните денови.

Поповски е осуден дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, контра одредбите на Законот за јавни набавки. Според пресудата која сега е укината, тој го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.

Поповски овие пари треба да ги врати на МВР, до денар.

Со овој предмет, судијката Кацарска има 3 правосилни пресуди од обвиненијата поднесени од поранешното СЈО.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107