fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЗАЕВ ПО ПРИМАЊЕТО НАГРАДА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО БЕРЛИН: НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЛИДЕРИ ИМААТ ЗАБОРАВЕНО КОИ СЕ ВРЕДНОСТИТЕ НА ЕУ

Попладнево во Берлин, премиерот Зоран Заевја прими Наградата за човекови права за 2020 година на германската Фондација „Фридрих Еберт“, еден ден пред состанокот на Советот за општи работи на Европската унија, на кој треба да се одлучи за преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија.

Наградата на Заев му ја врачи германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, чија што земја претседава со ЕУ до крајот на годината.

„Утре можеби нема да има позитивна одлука од Советот за општи работи, но ќе видиме што ќе се случи во декември. Немаме друга алтернатива освен да станеме членка на ЕУ. Што и да се случи ние ќе продолжиме по овој европски пат. Некои земји членки можеби заборавиле зошто се организирани во овие сојузи како ЕУ и НАТО. Ние сме надвор и токму поради тоа знаеме колку е ладно да си надвор, внатре во тоа гнездо е потопло, а некои земји членки заборавиле која е суштината на тој сојуз. Верувам некои европски лидери можеби имаат заборавено кои вредности ги има ЕУ. На Северна Македонија ѝ треба фер шанса и сакаме да покажеме дека Европа е навистина Европа“, кажа Заев по примањето на наградата за човекови права.

Мас повтори уште еднаш дека се надева пристапните преговори да почнат во текот на германското претседавање со ЕУ кое завршува на крајот на годинава.

„Водиме интензивни разговори за да ја одржиме првата пристапна конференција уште оваа година за време на германското претседателство. Клучно е во наредните денови да се најде решение, а Германија е подготвена да помогне на тој пат“, кажа Мас.

За сè поизвесното вето од страна на Бугарија за почетокот на преговорите, Заев рече дека македонскиот народ и јазик се реалност, а правото на самооопределување не може да биде предмет на разговори во дипломатијата, бидејќи се коси со меѓународното јавно право.

Заев рече дека ја посветува наградата на „сите генерации кои ја градеа и градат државата, на секој еден кој даде придонес во формирањето на цврсти темели на мирот и слободата, но и да ги поттикнам и се надевам инспирирам генерациите кои доаѓаат после нас“. Тој кажа дека паричниот дел од наградата ќе го донира во државниот ковид-фонд.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107