fbpx

Објектив

Погледни подобро

ПОРАДИ КЛАУЗУЛАТА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО, УНГАРИЈА И ПОЛСКА ГО БЛОКИРАА БУЏЕТОТ НА ЕУ

Поради клаузулата според која одобрувањето на европски фондови зависи од почитувањето на владеењето на правото, Унгарија и Полска го блокираа изгласувањето на буџетот на Европската Унија. Финансискиот пакет вклучува и фонд за заздравување од коронавирусот вреден 750 милијарди евра.

Унгарија и Полска често се критикуваат за кршење на демократските стандарди кои се вградени во основачкиот договор на Унијата. Двете земји се наоѓаат под истрага за поткопување на независноста на судството, медиумите и невладините организации.

Буџетот од 1.100 милијарди евра беше усвоен во јули по четиридневен самит и тој требаше да ја извлече Европската Унија од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Европските амбасадори неодамна во него вклучија клаузула која го овозможува пристапот до фондовите на Унијата само доколку се почитува владеењето на правото. За изгласувањето на буџетот беше потребна едногласна поддршка од сите 27 членки на ЕУ, на што Унгарија и Полска ставија вето.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107