fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРЕДЛОЖИ ОНЛАЈН СОБРАНИЕ

Поради пандемијата со коронавирус, претседателот на Собранието Талат Џафери денеска сам поднесе Предлог на деловник за дополнувања на Деловникот на Собранието по скратена постапка, со кој бара пратениците да изгласаат да работат онлајн.

„Имајќи ја предвид новонастанатата состојба предизвикана од Корона вирусот COVID-19, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието на Република Северна Македонија како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат спрема новонастанатата здравствена состојба. Предложените измени се токму во насока на постигнување на таа цел односно, непречено работење на Собранието со овозможување на далечинска односно електронска работа на пратениците со електронско присуство на седниците на Собранието и работните тела а во исто време овозможување на остварување на претставничката функција”, соопшти попладнево спикерот Џафери.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се противи на онлајн работење, зашто велат дека со тоа владејачкото мнозинство сака да избега од проблемот со тесно мнозинство во Парламентот. Не помогнаа досега убедувањата дека и незаразени пратеници кои по закон мора да одат во изолација поради контакт со заразен, сакаат да учествуваат во работата на Собранието секој ден, без изостаноци.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107