fbpx

Објектив

Погледни подобро

ШИЛЕГОВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА БУГАРСКА ТЕЛЕВИЗИЈА: ИЗЈАВАТА НА ЗАХАРИЕВА ЗА ТИТО Е ГЛУПОСТ

.Градоначалникот Шилегов утрово гостувајќи во утринската емисија на бугарската телевизија „ТВ Европа“ кажа дека Бугарија во обидот да ја оправда својата позиција, ги изместува тезите.

Град Скопје во петокот во рамките на одбележувањето на празникот „13 Ноември“ организираше „Тура низ Скопје со маршалот Тито, а Захариева вчера изјави дека не може Македонија 30 години да сака да е дел од Европската унија, а истовремено да го чествува еден од најмрачните диктатори -Тито.

„Изместувањето на тезите е всушност барање алиби за глупоста. Секоја глупост последователно бара алиби. Изјавата на Захариева е ништо друго освен глупoст. Град Скопје во рамките на одбележувањето на 13 Ноември, кој е значаен ден во нашата историја, организираше изложба од поставката за Јосип Броз Тито“, рече Шилегов.

Одговарајќи на прашање на водителот од кого било ослободено Скопје на 13 ноември 1944 година, Шилегов кажа дека градот во 1941 бил окупиран од царската бугарска војска, а во 1944 бил ослободен од партизанската единица од НОБ на Македонија.

„Бугарија била соработувник со фашистичка Германија. Бугарската војска во Македонија поради сплет на околности се трансформирала. Мојот град загубил 5.000 жители од администраторите, како што вие ги нарекувате. Јас разбирам дека Бугарија е во предизборие, но мора да внимаваме на чувствата на соседите. Замислете, ние во кампања да користиме антибугарски позиции, недозволиво е. Зар мислите дека е дипломатски да кажете дека моите корени се бугарски, а јас тоа не го чувствувам така“, вели Шилегов.

Градоначалникот кажа дека не треба да се заборави на Договорот за добрососедство постигнат меѓу двете држави во 2017 и дека националната припадност и јазикот се работи за кои ниту една држава не преговара.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107