fbpx

Објектив

Погледни подобро

ПРОЕКТИЛ ОД ОГНЕНО ОРУЖЈЕ НАВЛЕГОЛ НИЗ ИЗЛОГ ВО СКОПСКА АПТЕКА

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 00:18 часот вработени во аптека на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје пријавиле дека забележале дека низ излогот навлегол проектил од огнено оружје кој оштетил производи на една од полиците.

Како што соопшти полицијата, повредени лица нема, а на местото на настанот пронајдени и подигнати се две чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: