fbpx

Објектив

Погледни подобро

СМРТТА ОД КОВИД-19 НА 8 ПАЦИЕНТИ JA ИСПИТУВААТ ЗДРАВСТВЕНИ ИНСПЕКТОРИ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека се испитува смртта на 8 пациенти кои починале по компликации од ковид-19. Во изминатите два месеци, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен.

Од ДСЗИ велат дека во тек се инспекциските надзори за починати пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид-19.

Во врска со случајот со 41-годишната пациентка која на 14 ноември во утринските часови почина по компликации од ковид-19 на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, ДСЗИ со решение му наредиле на директорот да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

„ Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на Комисијата. Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациентката“, стои во нивното соопштение.

Според Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.134 и има колку 100 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107