fbpx

Објектив

Погледни подобро

ФИЛИПЧЕ: ПАЃА ПРЕНОСЛИВОСТА НА КОВИД-19, НО ВИРУСОТ Е НЕПРЕДВИДЛИВ И СЛЕДНА МЕРКА БИ БИЛА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Aнализите покажуваат оти е намалена преносливоста на коронавирусот во земјава, т. е. Р0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1 вели министерот за здравство Венко Филипче. Тоа значи дека еден човек при непосреден контакт заразувал 1,5 човек, сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1. Според него, веќе донесените мерки даваат разултати, но предупредува дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем.

„Сѐ повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работ,а координаторите на Интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен, и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид пациентите, но тоа оди сѐ потешко“, изјави министерот.

Филипче изјави дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а ако има простор и потреба Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка би можела да е полициски час.

За разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија, објасни Филипче, а мерките кои се на сила иако ги даваат првичните резултати, сепак не може да се зборува за целосно елеминиран ризик во делот со хоспитализацијата и брзото пополнување на болничките капацитети, како и недостаток од медицински кадар.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 792.

Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни. Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациент, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107