fbpx

Објектив

Погледни подобро

„ЊУЈОРК ТАЈМС“: ТРАМП САКАЛ ДА ГО НАПАДНЕ ИРАН ПО ИЗБОРИТЕ, НО БИЛ ПРЕМИСЛЕН

Њујорк тајмс“, цитирајќи официјално лице објави дека Доналд Трамп, кој уште два месеца ќе биде претседател на САД, ги разгледувал опциите за напад врз нуклеарните погони во Иран, но се откажал од вака драматична акција.

Тој ја изнесол оваа идеја на состанокот во Овалната соба минатиот четврток, на кој присуствувале и потпретседателот Мајк Пенс, државниот секретар Мајк Помпео, новиот министер за одбрана Кристофер Милер и шефот на армијата, генералот Марк Мили.

Трамп, кој и натаму одбива да признае пораз на изборите, треба да му ја предаде власта на Џо Бајден на 20 јануари.

„Тој прашал за мислење. Му биле дадени неколку сценарија, по што било решено да не се презема никаква акција“, изјави официјално лице за „Њујорк тајмс“, додавајќи дека советниците го убедиле Трамп дека напад врз Иран може да предизвика конфликт од пошироки размери.

Во текот на својот четиригодишен мандат Трамп водеше агресивна политика и реторика кон Иран, што кулминираше со убиството на генералот Касем Солејмани во јануари годинава.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107