Peџепи агитирал за СДСМ: 3eчевиќ ме moлeше да ги пoвикaм мycлиманите да глacaaт зa Пендapoвски
Поранешниот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, Сулејман Реџепи вели дека со помош на негова интервеница за време на претседателските избори, Стево Пендаровски бил избран за претседател на државата.
Тој ова го истакна до во синоќешната емисија „Клик плус“ на телевизија Тв21, каде што истакна дека Миле Зечевиќ од СДСМ, кој бил директно пратен од Зоран Заев и Изет Меџити од ДУИ, го молеле пред претседателските избори да ги повика муслиманите од Македонија да гласат за Стево Пендаровски.
Реџепи рече дека благодарение на неговата интервенција и повик до муслиманите, Стево Пендаровски е избран за претседател и дека тоа му го признал и самиот Стево. „Ова е твоја победа, не моја“, му рекол Пендаровски на тогашниот Реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
-Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити кои ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикам мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја, рече Реџепи во гостувањето во Тв21.