fbpx

Објектив

Погледни подобро

ПРОТИВ ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО БЕРЛИН СЕ КОРИСТАТ ВОДЕНИ ТОПОВИ

Радикалните противници на коронамерките во Берлин ги опишаа планираните законски амандмани како недемократски, па поради тоа илјадници демонстранти се собраа во очекување парламентот да донесе закон што ќе ѝ овозможи на владата со декрет да носи одлуки поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Иако е забрането да се протестира околу парламентот и владините згради, демонстрантите во поголем број се собраа во нивна близина, додека над 2.200 полицајци ја окружија областа, употребувајќи водени топови откако присутните не го почитуваа социјалното дистанцирање и не носеа маска. Демонстрантите фрлаа пиротехника и факели, при што неколкумина беа приведени.

Предложениот закон има за цел да ги зајакне рестриктивните мерки во земјата, како затворање на бизниси, ограничување на контакти и носење маска, што го поддржува мнозинството Германци. Се очекува мерките да поминат во двата дома на парламентот, по што експресно ќе бидат потпишани од претседателот Штајнмајер.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: