fbpx

Објектив

Погледни подобро

Истата cyдијка која му судеше во „Рекет“ сега му cyди и во „Меѓународен Сојуз“: Боки 13 бара изземање на cyдиjката Гаврилова

Обвинетиот во случајот Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски, на почеток на денешното судење побара изземање на судијката во процесот.

Судијката Софче Гаврилова, вели Јовановски, судењето го води пристрасно бидејќи била дел од судечкиот совет во случајот „Рекет“.

– И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од „Рекет“, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни – рече Јовановски.

Според него случајот е политички мотивиран, а како што рече, и судијката била политички инструирана.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: