fbpx

Објектив

Погледни подобро

Македонскиот репрезентативец позитивен на Ковид -19

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е позитивен на Ковид 19. Нашиот интернационалец предмалку на социјалните мрежи објави дека тој и неговото семејство се со позитивни тестови и порачува дека се чувствува добро.

Тој беше дел од Македонскиот национален тим и вчеравечер на Кипар, каде што Македонија го одигра мечот од Лигата на Нациите против Ерменија и патем истиот го загубивме со минимални 1:0.

Засега нема инфромации дали друг наш репрезентативец од вчерашниот меч дополнително пријавил дека е позитивен на последно направените тестови.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: