Се сpyши потпорен ѕид во Пржино, граѓаните бараат мopaториyм на нови градби
Жителите преплашени и во паника истрчале од своите домови, но за среќа нивните куќи поминале без последици. Револтирани се што никој од надлежните не презел ништо, иако аларамирале на опасноста.
После многу предупредувања од сите соседи, инженери кој и да дојде тука што го викнавме им се случи тоа што ги предупредуваа со денови, така да можам да кажам само дека не почитуваат ништо. Најверојатно ни сега нема да почитуваат, се надевам дека овој пат ќе им дојде памет.
Едноставно да се стави мораториум се додека не се размисли што треба да се прави, мораториум за делот на Пржино и Црниче.
Инвеститорот вели дека до несреќата дошло, бидејќи арматурата била планирана за друг проект.
На местото дојдоа и инспекторите од општина Кисела Вода, а тоа повторно ја вжештио атмосферата.
Градоначалникот Филип Темелковски вели дека потпорниот ѕид веднаш ќе биде саниран, а за зградта е дадена забрана за градење.
Моментално ќе биде прекинато градењето на зградата, се додека не бидеме сигурни дека е безбедно да се продолжи. Сепак мораториум не е решение бидејќи ќе се забрани целосната градба и на општо добри проекти, истакна градоначалникот Филип Темелковски.
Лизгањето на земјиштето од Водно е честа појава последниве децении, а како главна причина за тоа се наведува градежната експанзија на падините од планината, кои важат за едни од најатрактивните плацеви во главниот град. Сепак, ниту многу инциденти не влијае општините да ги ревидираат плановите и да го намалат обемот на градба..