Основачот на Амазон, Џеф Безос нема повеќе да биде извршен директор во компанијата
Основачот на Амазон Џеф Безос ќе се повлече од местото извршен директор на компанијата во третиот квартал оваа година и ќе премине на функцијата извршен претседател.
Како што соопшти компанијата, него ќе го замени Енди Џеси, претседателот на веб сервисот на Амазон.
„Возбуден сум што можам да објавам дека Енди Џеси ќе стане новиот извршен директор. Планирам да ја фокусирам енергијата и вниманието на новите производи и иницијативи“, напиша Безос во мејлот до вработените.
Џеси е во Амазон од 1997 година.
Безос е извршен директор на Амазон од неговото формирање во 1994 година.
Од тогаш компанијата, од сервис за онлајн продавање книги, стана еден од најголемите интернет продавачи на разни видови производи, а вредноста на Амазон се проценува на повеќе од 1,6 билиони долари.