fbpx

Објектив

Погледни подобро

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ИЛИ МАЛО КОСОВО?!

Вечната баба-рога тема за заплашување и потпалување на националистичките страсти на Балканот за „Голема Албанија“, и овој пат во ек на најголемата здравствена, но и економско-психолошка криза во последните 75 години, која го зафати човештвото, предизвикана од Ковид-19 пандемијата, пак се актуелизираше со победата на Албин Курти на предвремените избори во соседно Косово. Имено, националистот кој отворено во својата политичка платформа, во изминатите деценија и половина додека опстојуваше на тамошната политичка сцена, воопшто не ја криеше идејата за рефенрендумско обединување на двете албански држави на Балканот, матицата Албанија со албанското Косово. Сепак, колку и да тлее оваа можност, како Дамоклов меч врз главите на милиони луѓе, кои се засегнати од евентуалната реализација на ова прекројување на балканските граници, сметам дека не е возможно да биде изведено дури и во далечна иднина, па дури би рекол дека е и своевидна утопија. Зошто?
Се е исто, само него (Елцин) го нема!

Прво, таквото обединување и создавање на голема албанска држава, не би можело да се случи без воени крвопролевања, односно судир на Албанците и Србите, особено во северниот дел на Косово, што како можност во овој момент е исклучено, особено од западниот фактор, кој стои позади интересите на Албанците. Не зошто не сака, тој фактор, туку зошто знае дека ќе се соочи со противодговор од факторот кој стои позади Србија и српските интереси на Косово, а тоа е моќната Русија на Владимир Владимирович Путин, и се целосно свесни западните кројачи на балканските судбини дека ова не е 1999-та година, и во Кремљ не седи Борис Елцин. Второ, таквото тектонско поместување на границите на Балканскиот полуостров, би предизвикало и домино ефект во федерацијата Босна и Херцеговина, односно отцепување на ентитетот Република Српска, и барање за припојување кон матицата Р.Србија, што пак веројатно би било тешко изводливо без пролевање на литри крв и таму.Сите сме свесни колку крв се пролеа и на Косово, а особено во Босна и Херцеговина во текот на деведесеттите, и колку западниот фактор не знаеше, или не сакаше да се справи со затекнатата ситуација. Во состојба на затегнати односи со растечката моќ на Кина, нерешените односи со Иран, вечно напнатите со Русија, во овој момент на светска пандемија, најмалку му е потребно на Западот, отворање на стари рани и ново воено жариште на овој дел од Југоисточна Европа, особено што повеќе од половина од земјите на Балканот се земји членки на НАТО-алијансата, а добар дел од нив и на Европската Унија. И последно, но не и најнебитно, таквото фантамазгорично обединување на двете албански држави ќе има сериозни и битни реперкусии врз територијалниот интегритет и суверенитет и врз нашата земја Македонија, односно ќе се постави прашањето што со една четвртина етничноалбанско население кое живее концентрирано во северозападниот дел од земјата, и каков ќе биде неговиот понатамошен статус, односно дали овдешните албански политички сили ќе побараат унификација со своите сонародници и дали би биле приморани на истото?!

Голема Албанија е плашило производ на УДБА!

Македонија имаше една неславна епизода со воен конфликт помеѓу припадниците на безбедносните структури и УЧК-маркистите/ленинисти, денес преоблечени во костуми, главни фактори на стабилизацијата и евроатланската интеграција на земјата, која заврши (не)славно со потпишување на Охридскиот рамковен договор, но од тогаш, веќе две децении, играме топло-ладно на полето на меѓуетничките односи, секогаш балансирани со помош на меѓународната заедница. Со акцент, дека овој пат сме 30-та земја членка на НАТО алијансата, цена за која плативме со промена на уставното име за севкупна употреба, за да бидеме штитени од идни внатрешноетнички предизвикувачки загрозувања на територијалниот интегритет како тие во 2001-та. Климата е подруга, ќе треба да војуваат со земја членка на НАТО, за да откинат дел од нејзината територија и да ја припојат кон територијата на друга земја членка на НАТО (читај: Албанија). Звучи шашаво, како космодискот на Хорхе, но овој пат не функционира. Затоа и овие блиц-криг изјави, старо-нови „идеи“ за големи држави (ебате големата, која пак ќе биде два пати помала од една Србија), да не зборам во однос на Бугарија или Грција, ги разбирам како фрлање на прав во очите на осиромашеното од ураниум, но и од корупција, организиран криминал, и масовен шверц на дрога и оружје албанско население, во сите земји во кои живее на Балканот, без да се води политика за подобрување на неговиот економски стандарт, подигнување на квалитетот на живеењето, и уредување на животот по европски терк, за кое се избрани и изгласани сите политичари од сите политички опциии. Веројатно А.Курти за тоа ги доби протестните гласови од половината гласачи на Косово, а не да им кажува басни и приказни, со кои нема да ги нарани гладните усти на косовските деца, и млади кои масовно, та дури и со српски пасоши бегаат од најсиромашната држава во Европа, на гурбет и трајно емигрирање во западноевропските развиени земји!

Колумна на политикологот Благојче Атанасоски

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: