fbpx

Објектив

Погледни подобро

Пред малку почувствуван земјотрес во дебарско

Дебрани попладнево ги вознеми земјотрес, чиј епицентар е регистриран во околината на пограничното албанско градче Булќиза, околија Пешкопеја.
Потресот беше во 16:10 часот, а според албанските медиуми бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.
Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.
Дополнителен проблем на дебрани е што има и прекин во снабдувањето со електрична енергија од 15:30 часот без никаква претодна најава

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107