fbpx

Објектив

Погледни подобро

Утре сончево со температури до 17 степени

Утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини, најавија од УХМР.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 13 до 17 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во вториот ден од викендот ќе се задржи стабилно, сончево со умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини.

Утринските температури на повеќе места ќе бидат околу нула, а во првите два дена од следната седмица поради зголемена облачност насекаде ќе бидат позитивни.

Во понеделник во западните делови ќе има услови за слаб дожд.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: