fbpx

Објектив

Погледни подобро

Почина актерот Хит Фримен, познат по улогата во серијата „Коски“

Актерот Хит Фримен, познат јавност по улогите во сериите „NCIS“ и „Bones“, почина на 42-годишна возраст.

Се уште не е објавена причината за смртта на актерот кој го играше првиот убиец прикажан во серијата „Коски“, но оваа вест ја потврди неговиот менаџер Џо С.Монтифјоре.

Навистина сме уништени од загубата на нашиот сакан Хит Фримен. Како брилијантно човечко суштество полно со дух, остави длабока трага во нашите срца. Во животот, тој беше длабоко лојален, приврзан и полн со благодарност кон пријателите и семејството. Тој беше многу горд на својата работа на филмот и возбуден за следното поглавје во неговата кариера. Споменот за него како син, брат, вујко, пријател, исклучително талентиран актер и продуцент, посветен готвач и човек со најзаразна и најспектакуларна смеа ќе остане вечно. Нека споменот за него е благослов за сите кои го познаваа и сакаа – напиша Монтифиоре во официјалното соопштение, пренесува „Додлајн“.

Фримен играше и во многу други серии како „Подигнување на шипката“, „Спартак“, а првата улога ја имаше во популарната серија „Ургентен центар“ (ЕР).

Во 2010 година тој беше и продуцент на филм за еден мал град во Тексас наречен „Skateland“, кој го сними со неговиот брат Брендон Фримен и пријателот Ентони Барнс. Според порталот „IMDb“, Фримен работел и на филмот „Terror on the Prairie“, чие снимање започна неодамна.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: