Двејн Џонсон сака да биде следниот Џејмс Бонд
Двејн Џонсон изјави дека сака да го глуми следниот Џејмс Бонд.
„Mојот дедо беше негативец во You Only Live Twice со Шон Конери“, рече Џонсон во интервју за „Ескваер“.
„Toa беше многу, многу кул. И јас би сакал да ги следам неговите стапки и да бидам следниот Бонд. Не сакам да бидам негативец. Мора да бидам Бонд“.
Дедото на Џонсон, Питер Фанен Маивија, се појави во филмот „Се живее само два пати“ од 1967 година како послушник на „Спектре“ кој се обиде да го убие славниот агент со меч.
Даниел Крег се откажа од дозволата за убивање во „Не е време за умирање“ и оттогаш се шират шпекулации за тоа кој би можел да биде следниот 007.
Двејн „карпата“ сигурно ќе може да се справи со акционите сцени, но најверојатно нема да влезе во потесниот круг на кандидати затоа што американски актер никогаш не го глумел Бонд, коментираат британски медиуи.