fbpx

Објектив

Погледни подобро

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради посетата на полскиот претседател Дуда

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради официјалната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
– Апелираме до сите граѓани-учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, наведоа од МВР

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: