fbpx

Објектив

Погледни подобро

Денес сончево време со температури до 17 степени

Денес сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на значителна ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: