fbpx

Објектив

Погледни подобро

Неверојатно откритие: Научниците открија начин како да ја сменат крвната група кај луѓето

Канадските научници за прв пат ја сменија крвната група во човечките органи за трансплантација.
Списанието Science Transitional Medicine објави начин да се направат „универзални“ органи за трансплантација на луѓе од која било крвна група.
Лабораториите за торакална хирургија на Латнер и Центарот за трансплантација Ајмер на UHN докажаа дека е можно безбедно да се сменат крвните групи во органите на донаторот за трансплантација.
На пример, донаторите со крвна група О се сметаат за универзални, бидејќи нивната крв не содржи аглутиноген (протеини А и Б), што значи дека е погодна за сите пациенти, вклучувајќи ги и оние со најретката крвна група – АБ.
Канадските научници успеаја да ја променат крвната група на трансплантирани органи во О со ослободување на специфични антигени користејќи ги ензимите N-ацетил-алфа-D-галактоза деацетилаза (FpGalNAc-деацетилаза) и Д-галактозамин-галактозаминидаза (FpGalactosaminidase).
На почетокот на експериментот, тие го тестирале овој метод на ткиво на аортата, а потоа успешно ги уништиле протеините од групата А во осум примероци од белите дробови, пренесува Sputnik International.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: