Стопанството на апарати: Преку 1000 фирми со блокирани сметки за неплатен ДДВ, уште 1200 фирми ги чека истата судбина
Македонската економија е во катастрофална кондиција, а показател за состојбите во економијата е бројот на фирми со блокирани сметки од Управата за јавни приходи.
Овој податок e показател за неликвидноста на македонските компании, односно нивната неспособност да ги исплаќаат тековните обврски кон државата.
Од извори на Инфомакс дознаваме дека се работи за шокантна бројка од илјада македонски компании кои не можеле да го платата Данокот за додадена вредност кон државата во изминатите три месеци, па изминативе денови се соочиле со блокирана сметка од страна на УЈП.
Дополнително загрижува податокот за повеќе од 1200 фирми кои добиле опомена пред блокада на сметките, доколку не ги исполнат своите обврски кон државата во наредните неколку дена, односно законскиот рок од 7 дена.
Да напоменеме дека не станува збор за месечни обврски на компаниите туку за резултати од кризата која ја зафати македонската економија во декември месец по огромното поскапување на индустриската струја за компаниите.
Резултатите од финансиската криза која сега ја погоди Македонија допрва ќе пристигнат во наредните месеци, имајќи го во предвид вештачкото зголемување на минималната плата кое ќе биде дополнителен товар за компаниите, но и масовното зголемување на цените на горивата кои се калориите потребни за функционирање на една компанија, а со тоа негативно на макро ниво ќе се одразат на целата економија.