Повторно невреме и поплави низ улиците на Тетово
Денеска околу пладне во Тетово повторно имаше силно невреме со интензивен дожд и град што траеше триесетина минути, а притоа на улиците се направи поплава.
Тоа го потврдуваат и снимките кои се појавија на социјалните мрежи.
Инаку во петокот кризниот штаб на Општина Тетово токму за денес најави дека ќе се врши чистење и дезинфекција на улиците по поплавите што се случија на 29 мај.