fbpx

Објектив

Погледни подобро

Предупредување за посетителите на Светското првенство во Катар: Навивачите кои ќе донесат kokaин ќе се соочат со cмpтна kaзнa

Англиските таблоиди Daily Star и The Sun наведуваат дека навивачите кои ќе се обидат да прошверцуваат кокаин во Катар може да се соочат со смртна казна.

Секако, нема да биде најстрого казнет секој прекршок поврзан со дрога, но тоа е само предупредување за строгите законски одредби во земјата домаќин на годинешното Светско првенство.

Властите во Катар нема да прават исклучоци ни за домашни, ни за странски државјани. Странските амбасади немаат моќ кога станува збор за кривични дела, особено за прекршување на законот за дрога. Оние кои внесуваат дрога, особено тешки како кокаин, ризикуваат затворска казна или смртна казна и парична казна до 44.000 фунти, според Daily Star.

Катар е многу конзервативна земја каде што се почитува исламската традиција. Тие имаат нулта толеранција за конзумирање на секаков вид на дрога.

The Sun наведува дека конзумирањето на разни видови дроги на фудбалските стадиони е сè почесто, но дека катарските власти тоа сигурно нема да го дозволат на нивните стадиони.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: