fbpx

Објектив

Погледни подобро

Ka3нети 213 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 213 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: