(ФОТО)Samsung го исмева и трола Apple за перформанските и камерата на новиот iPhone 14
Од почетокот на најавата за пуштање во продажба на новиот Ајфон 14, нивниот најголем конкурент Самсунг започна со интересна и зајадлива рекламна кампања со која ги оцрнува уредите на Apple, овој пат споделувајќи серија твитови кои го истакнуваат недостатокот и безидејноста на iPhone во однос на технологијата на преклопување како и споредувајќи ја камерата од 48 мегапиксели на iPhone 14 Pro со камерата од 108 мегапиксели на Galaxy S22.
„What the flip, Apple? гласи првиот твит, кој го посочува датумот на лансирање на првиот уред на Samsung што се преклопува.
Вториот твит ја има истата тема за преклопување, додека третиот забележува дека уредите на Samsung имаат камери со повeќе мегапиксели повеќе од две години.
Во серија твитови и во реклама, Самсунг го исмева Apple поради недостатокот на преклоплив уред во својата линија iPhone 14. Самсунг дури посочува дека неговата камера има 108 мегапиксели повеќе од две години, а со тоа сакаат да покажат дека нивниот конкурент нема ништо ново да понуди.