Москва и Киев далеку од примирје
Руската воена агресија во Украина, продолжува немилосрдно. Ниту еден светски геополитички аналитичар, не може да го предвиди ниту крајот, ниту исходот на војната.
Руските цели во Украина можат да се постигнат само по воен пат, изјави денеска за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. „Досега не се исполнети условите за транзиција на процесот кон мирен пат“, рече Песков.
„За нас апсолутен приоритет продолжува и секогаш ќе биде постигнувањето на нашите цели. Во моментов овие цели можат да се постигнат само со воени средства“, рече Песков.
Кина на крајот на минатиот месец го претстави својот мировен план, но Кремљ тогаш порача дека „нема изгледи за мир“.
„Специјалната воена операција продолжува, ние продолжуваме да ги постигнуваме однапред одредените цели“, рече тогаш Песков.