fbpx

Објектив

Погледни подобро

АРСОВСКА И КОСТВОВСКИ ВО „ВОЈНА“ ЗА ДУПОТ ВО БУТЕЛ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, влегоа во отворена „војна“ околу ДУП, во оваа скопска општина со целосно спротиставени тези и аргументи околу изградбата на булеварот „Боца Иванова“.

Општина Бутел ќе го смени Деталниот урбанистички план С16 и ќе ги избрише маркичките за седумте згради долж новиот булевар Боца Иванова. На вчерашната седница на Советот на Општина Бутел едногласно од сите советници беше изгласана иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на маркичките за згради на планот С16 и планот ССИ 06.07.

„За ДУП-от С16 кој е на сила ќе се отпочне постапка за негова измена со цел бришење на 7 маркици за згради. За планот ССИ 06.07 кој е во постапка ќе биде ревидиран и ќе се избришат сите згради кој што се вцртани во предлог планот. Сите политички партии кои се дел од Советот ја прифатија иницијативата на граѓаните за промена на трасата на булевар Боца Иванова. Општина Бутел треба да дише, а не да се дави во бетон и да се гради на секој слободен простор“, вели градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

БУЛЕВАРОТ БОЦА ИВАНОВА ВО БУТЕЛ Е КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ И ЌЕ СЕ ГРАДИ, А СЕДУМТЕ ЗГРАДИ ГИ НАЦРТА ВМРО-ДМПНЕ, РЕЧЕ АРСОВСКА
Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска по одлуката на Општината испратија соопштение во кое се вели дека го поздравуваат бришењето на маркичките за 26-метарските згради, но одлуката за изградба на булеварот Боце Иванова останува.

„Ова не ја менува суштината на проблемот во врска со булевар Боца Иванова. Трасата на овој булевар е утврдена со Генералниот урбанистички план кој е повисок акт од ДУП и истиот не може да се промени со иницијатива на Општина Бутел“, велат од Град Скопје.

Град Скопје според најавите на Арсовска до крајот на март ќе почне со изградба на новиот булевар од кружниот тек во Бутел до булеварот Христијан Тодоровски-Карпош. Градот има склучено и договор за негова изградба со фирмата „Филип инженеринг“ и ќе чини околу 650.000 евра.

По отворениот конфликт со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски , општинската мајка на Град Скопје, е во целосно затегнати односи со скопските градоначалници кои доаѓаат од редовите на опозицијата, како во Советот на Град Скопје, така и во меѓуопштинската соработка.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: