fbpx

Објектив

Погледни подобро

Компаниите не го почитувале договорот

Над 85 отсто од компаниите кои од ноември користеа субвенционирана цена за електрична енергија не го почитувале џентлменскиот договор со Владата. Ова е утврдено од деталните анализи што Државниот пазарен инспекторат ги има направено, а целосниот извештај е доставен до Министерството за економија.

„Од деталниот извештај, над 85 отсто од компаниите не ги испочитуваа договорените работи, односно немаше намалување на продуктите. Нашата споредба беше од ноември, пред донесувањето на одлуката за користење субвенционирана струја, па во наредните четири месеци. Имаше компании кои воопшто ги немаа намалено производите, но имаше и такви кои ги намалија. 85 отсто од компаниите не ги почитуваа оние бенефити што ги овозможија Владата и Министерството за економија“вели директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Според него, законска обврска за понатмошните постапувања кон овие компании имаат Владата и Министерството за економија.

И премиерот Димитар Ковачевски ги потврди податоците од ДПИ.

„Од извештајот на Државниот пазарен инспекторат се гледа дека голем дел од производителите не го испочитувале џентлменскиот договор што го имавме ние како Влада со компаниите. Врз основа на тоа направивме дополнителни анализи и согласно со нив ги донесовме следните одлуки кои значеа укинување на субвенционираната цена за електрична енергија, правење на детални анализи за структурата на трошоците и финалната цена на производите и прво намаливме дел од цените на основните прехранбени производи и ги замрзнавме на ниво на кое сметаме дека прво се покриваат трошоците и второ се обезбедува фер заработка и на производителите и на добавувачите и трговците“додаде Ковачевски.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: