fbpx

Објектив

Погледни подобро

МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ГИ НАМАЛИЈА ЦЕНИТЕ

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави извесно намалување на малопродажните цени на одредени млечни производи, како дополнителна обврска на производителите, се со цел да се стабилизира инфлациската спирала, за да може да се заштити семејниот буџет на домаќинствата.

Производителите и трговците на млечни производи и увозниците на тестенини ја исполнија обврската и ги намалија цените на млечните производи за 10 %, а на макароните за 15 %. Големите маркети уште синоќа низ системот ги испратиле новите ценовници, а рано утринава во трговијата беа сменети цените на производите на рафтовите.

Така, кравјите сирења кои претходно чинеа и до 400 денари, сега може да се најдат од 285 до 329 денари за килограм. Поевтинети се и овчите сирења и кашкавали, некаде и до 10 денари, а макароните исто така се продаваат по цени пониски од 4 до 6 денари.

Сепак, цените на специјалните видови тестенини, без глутен или од интегрално брашно, останаа исти. Економските министри веќе неколку дена го најавуваат ова намалување како дел на мерките на Владата за сузбивање на високата инфлација и подигнување на семејниот стандард на граѓаните.

Граѓаните влегуваа во пекарниците и се интересираа дали јогуртот кој се продава со производите, ќе се продава по пониски цени, а дел се интересира дали откако се намали цената на урдата, ќе поевтини со бурекот со сирење. Пазарната инспекција најави контроли, но најголемиот дел од трговците брзо реагираа за да не бидат казнети.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека сѐ уште се прават анализи дали ќе има замрзнување на цената на останатите основни производи.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: