fbpx

Објектив

Погледни подобро

Пратеникот Рашиди нов директор на МЕПСО

Директорското место во МЕПСО ѝ припадна на Алијанса за Албанците со договорот за влез на оваа партија во владејачката коалиција.

Пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците поднесе оставка за што претседателот на Собранието, Талат Џафери, информираше на денешната пленарна седница.

Парламентот му ја констатираше оставка и сега на негово место треба да дојде следниот од листата кандидати за пратеници на АА на последните парламентарни избори. Нов пратеник треба да стане Ремзи Мехмеди од Кичево, за што се очекува Државната изборна комисија (ДИК) да испрати информација до Собранието.

Алијанса за Албанците е нов коалициски партнер во власта и како што претходно потврдија од партијата, Рашиди ќе биде нивен предлог за нов директор на МЕПСО.

По влезот на Алијанса за Албанците во новата владина композиција, незадоволна од прераспределбата на владиниот колач, досегашниот коалициски партнер Алтернатива ја напушти владата и премина во опозиција.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: