fbpx

Објектив

Погледни подобро

КОВАЧЕВСКИ ДОМАЌИН НА БОРЕЛ И ВАРХЕЈ

Евбропската унија ги засилува активностите во регионот на Западен Балкан.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Скопје ги пречека и имаше средба со високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, на која било разговарано за важноста од следниот исчекор на Република Северна Македонија во европските интеграции, како прашање од значење за перспективите на нашата држава и за стабилноста на регионот и на Европа.

Ковачевски, како што информираат од владината прес-служба, се заблагодарил на високите европски претставници, за нивниот придонес, како и на европските партнери, за заедничкиот успех во отворањето на преговорите на Сeверна Македонија со Унијата, лани во јули.

Владата на Република Северна Македонија, како што нагласи премиерот Ковачевски, е фокусирана на европската агенда, работи на имплементацијата на реформите, на унапредувањето на соседските односи во духот на европските вредности и е посветена на успех и во следниот исчекор во евроинтеграциите.

Средбата на премиерот со европските преставници се реализираше пред почетокот на Шеснаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, што ќе се одржи денеска во Скопје, на којшто претседавач ќе биде претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а ко-претседавач од страната на Европската Унија, високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Борел, а ќе присуствува и комесарот за соседска политика и проширување, Вархеји.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат огромен пад на поддршката на македонските граѓани за членство на државата во ЕУ, најмногу поради непринципиелниот „француски“ предлог, преку кој бугарските антиевропски барања беа вметнати во преговарачката рамка меѓу Македонија и Европската унија.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: