fbpx

Објектив

Погледни подобро

МЕЏИТИ УПОРНО ЈА БАРА ГЛАВАТА НА ГРУБИ

Внатрепартиската битка до истребување во ДУИ се засилува со поголем интензитет. И покрај тоа што лидерот на интегративците проба да ги помири завојуваните страни на „Огнените“ , предводени од Муса Џафери, Изет Меџити , Блерим Беџети и Невзат Бејта со Артан Груби, Бујар Османи и Фатмир Бесими од друга страна, тоа не даде плод. Најново е иницијативата за разрешување на сите министри од ДУИ, поттикната од актуелниот пратеник и поранешен градоначалник на Чаир во три последователни мандати Изет Меџити.

Граѓанската иницијатива „Гласот на народот“ покрена петиција за разрешување на првиот вицепремиер Артан Груби и на сите министри од ДУИ, од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски. Граѓаните на прашањето може да одговорат на македонски, албански и на англиски јазик.

Петицијата за разрешување на министритеја за „Слободен печат“ ја најави предводникот на „огнените“ и потпретседател на ДУИ Изет Меџити. Сопартиецот Муса Џафери пак, ги предизвика Груби и министерот за финансии Фатмир Бесими на телевизиско соочување.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: